Научниците од Универзитетот во Висконсин титулата на „најсреќниот човек на светот“ му ја доделија на 70-годишниот монах по низа експерименти во рамките на 12-годишната студија за медитација.
Скенирањата на мозокот покажале дека во текот на медитацијата за сочувство се менуваат мозочните активности на Рикар.
Утврдено е дека деловите на мозокот на Рикар, задолжени за свест, внимание, учење и паметење во тој момент произведуваат ниво на гама бранови кои досега никогаш не е забележан во научната литература.
Прекумерната активност во префронталниот кортекс на левата половина на мозокот исто така укажува на абнормалниот капацитет за чувство на среќа, пишува „Индепендент“.
Сепак, зборувајќи за магазинот „Џеј Кју“, Рикар открил една важна работа.
– Споредувањето со другите е многу штетно. Споредувањето е убиец на среќата – рекол Рикар.