Сопругата на легендарниот англиски тренер Хари Реднап заврши во болница откако познатиот англиски тренер несреќно ја прегази со својата кола.
Немилиот настан се случил откако Хари ја оставил својата сопруга на пазарење во еден близок шопинг центар, а при излегувањето од автомобилот нејзиниот капут останал заглавен во автомобилот, тој продолжил да вози при што ја влечел и до неколку метри тврдат очевидците.
Се слушнало силно врескање, сопругата на Хари Реднап била во крв, таа веднаш била префрлена во болница, каде што успешно била оперирана.
„Сандра е во болница, но добро е, ова е приватна работа“ – изјавил човек близок до фамилијата.