Директорот на порталот Викиликс, Гевин Мекфaден починал во саботата вечерта на 76-годишна возраст, објави сајтот на Твитер.
„Гевин Мекфaден, обожуваниот директор на Викиликс, во моментов се подготви за средба со Севишниот“, објави на Твитер и Џулијан Асанж, основачот на Викиликс.
Причината за смртта на Мекфaден засега не е соопштена.
Американскиот новинар и филмски режисер Мекфaден, исто така, беше директор на Центарот за истражувачко новинарство на универзитетот Голдсмит. Тој живееше во централниот лондонски кварт Пимпио со сопругата Сјузан Бен .
Сопругата на Мекфаден објави соопштение во кое го нарекува нејзиниот сопруг „жесток бранител на човековите права во светот“.