Србин почина на Токсикологија – Бил на гости кај другар во Прилеп


Во полициската станица во Прилеп, вчеравечер околу 21.00 часот од страна на ЕИК Скопје било известено дека починал Т.Л., државјанин на Р.Србија, кој претходно со возило на Итна медицинска помош Прилеп бил префрлен во Ургентниот ценар во Скопје на Клиниката за Токсокологија.19022014140418_toksikologija

Од извршените проверки било утврдено дека истиот ден околу 12.00 часот од страна на Д.Т. од Прилеп, Т.Л. бил донесен за укажување на лекарска помош во Општа болница Прилеп, од каде поради влошена здравствена состојба бил препратен на лекување во Ургентниот центар во Скопје.

Т.Л. престојувал кај Д.Т. од 20 октомври.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1