Легендарниот пејач Фил Колинс во своите мемоари „Сè уште не сум мртов“ ги откри најмрачните тајни од светот на славните и познатите. Иако не е голема тајна дека Лејди Ди негувала симпатии кон Џејмс Хјуит, никогаш никој не ги потврдил шпекулациите за нивната врска. Но, Фил успеа да ја потресе јавноста.
Со оглед на тоа што славниот пејач имал шанса да се дружи со некои од најголемите ѕвезди, успеал да собере многу интересни детали и информации за нивните животи за кои јавноста речиси ништо не знае.
Една од најголемите јавни тајни е прељубата на принцезата Дајана која Фил ја видел со свои очи. Целата приказна започнала во 80-тите кога Фил почнал да се дружи со членовите на британското кралско семејство. Еден ден го видел автомобилот на принцезата Дајана, а кога погледнал внатре, се шокирал.
Тој видел сцена во која Лејди Ди и Џејмс Хјуит биле прилично блиски. Кога сфатила дека е „фатена“, принцезата Дајана само се насмеала и безгрижно поразговарала со Фил.
Но, јавноста не ја заинтересира само приказната за принцезата Дијана. Фил во своите мемоари открива и детали од животите на пејачката Шер, Мајкл Џексон, но и за своите „валкани алишта“. Имено, тој ги открил и своите љубовни афери.