ДПА ги утврди листите за пратеници за претстојните избори


Централното собрание на ДПА на денешниот состанок во Советот на општина Тетово ги утврди листите за пратеници за претстојните предвремени парламентарни избори.dpa

Според оваа одлука, носител на листата во Изборната единица 1 ќе биде Идриз Орана, во Изборната единица 2 Орхан Ибраими, Сами Рушити ќе биде носител на листата во Изборната единица 3, во Изборната единица 5 носител е Сами Рушити, додека претседателот на ДПА Мендух Тачи ќе биде носител на листата за пратеници во Изборната единица 6.

– Централното Собрание на ДПА како највисок орган на партијата меѓу два конгреса и согласно стаутот, ги утврди листите за пет изборни единици во државата со нивните носители- изјави портпаролот на ДПА Беким Фазлиу.

Тој посочи дека на денешниот состанок на Централното собрание немало други точки за расправа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1