Детали за ДНК-анализата: Најмалку тројца се вмешани во атентатот на Вучиќ


На оружјето, бомбите и муницијата пронајдена во близина на семејната куќа на српскиот премиер Александар Вучиќ со вештачење се пронајдени ДНК-траги на најмалку три лица, изјави српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, пренесуваат српските медиуми.dnk-analiza-vucic-640x285

Српскиот министер изјавил дека ќе биде доста тешко поединечно да се изолираат отпечатоците еден од друг и да се според, поради што ќе бидат применети поинакви методи за обработка на овие трагови. Тие биле пронајдени на еден рачен фрлач, на бомбите и неколку пакети на муниција, објаснил Стефановиќ.
-Има некои лица за кои се сомневаме дека можат да помогнат во расветлувањето на случајот. Не запоставивме ниту еден правец во истрагата, не исклучуваме ниедно сценарио, истакнал тој.

Српската полиција во саботата вечер во близина на семејната куќа на српскиот премиер Александар Вучиќ во белградската населба Јајинци пронајде автомобил со оружје, односно со рачен фрлач М-80 „зоља“, четири рачни бомби, 100 парчиња муниција калибар 7,62 мм, како и неколку куршуми за автоматско оружје.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1