Убиен навивач на Црвена Ѕвезда во Бар, Црна Гора. Како што јавува РТС, по завршувањето на кошаркарскиот натпревар меѓу Морнар и Црвена Ѕвезда убиен е Иван Лабан од Мурин
До пукањето дошло кога непознато лице, 10 минути по завршувањето на натпреварот отворило оган пред салата и го убило Лабан.
Ова е втор навивач на Црвена Ѕвезда кој е убиен за кратко време на кошаркарски натпревар.
Претходно, во Турција беше убиен уште еден навивач на црвено – белите од Белград по дуелот со Галатасарај во Истанбул.