Ученик избоден на час по музичко


Петнаесет годишниот А.Е. ученик од техничкото училиште во Нови Пазар, по кавга, го избодел со нож својот соученик Ц.А. на час по музичко – пишува српски Блиц.noz

Пред да биде избоден, Ц.А. му удрил шлаканица на А.Е. а тој извадил нож и три пати го прободел во вратот и грбот!

Повредениот 16 годишник е веднаш пренесен во болница.

Лекарите изјавиле дека повредите на детето биле опасни по неговиот живот, поради што итно е опериран и сега се наоѓа во стабилна состојба.

15 годишниот напаѓач е уапсен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1