Во Сибир се појавија необјасниви џиновски снежни топки


Мајката природа изгледа се подготвува за борба, а својата зимска муниција ја подготвила во арктичка Русија.

Жителите на селцето Најда близу заливот Оба пронашле во својот округ непрегледно мноштво совршено округли снежни топки. Засега никој не успеал да го објасни овој редок феномен, а постарите жители тврдат дека ништо слично до сега не се појавило.kghdjgfhfgh

Топките се со различни димензии, од оние со пречник на тениска топка до оние со големина на топка за пилатес, но она што најмногу зачудува се нивните речиси совршени пропорции.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1