Дијагноза од која се плашеа – тригодишниот Ноа има рак на црниот дроб!


Тригодишниот син на пејачот Мајкл Бубле и Луисана Лопилато, Ноа, има рак на црниот дроб, тврди еден аргентински магазин.noa-1

Лекарите во Лос Анџелес минатиот викенд со биопсија го потврдија она од што Мајкл и неговата сопруга, аргентинската актерка Луисана Лопилато најмногу се плашеа. Ноа наводно почнал со хемотерапија која ќе трае четири месеци.

-Ракот е ужасна болест, но веруваме дека Ноа ова ќе го преброди. Знаеме дека ќе ја победи болеста. Сега почнува долго и тешко лекување, но без тоа не може. Велат дека децата обично се доволно силни да ја пребродат хемотерапијата, а мојот внук е борец – рекла сестрата на Луисана, Даниела.Таа додала дека после хемотерапијата Ноа најверојатно ќе мора на операција, но дека лекарите прогнозираат дека шансите се 90 отсто дека ќе го победи ракот.1noa-1

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1