Протестите против Трамп станаа насилни, демонстрантите удрија по полиција


Најмалку 29 лица се уапсени во Орегон за време на протестите покренати во знак на незадоволство поради изборот на Доналд Трамп за нов претседател на САД. Полицијата соопштува дека протестите станале насилни и преминале во нереди.

Демонстрантите почнале да кршат прозорци на објекти и да палат контејнери, што полицијата сега го оквалификува како нереди.protest

Околу четири илјади демонстранти излегоа на улиците на Портланд, а околу полноќ почнаа со различни предмети да фрлаат по полицијата, која одговори со солзавец и некој вид чадна бомба за да ги растера.

Повеќе илјади луѓе, вклучувајќи голем број студенти, организираа нови протести во повеќе американски градови поради изборот на Трамп за нов претседател. Тој повторно се огласи на Твитер критикувајќи ги демонстрантите.

„Само што имавме многу отворени и успешни претседателски избори. Сега професионални демонстранти, поттикнати од медиумите протестираат. Многу нефер!“ напиша Трамп.

Сепак, неколку минути подоцна се огласи повторно на Твитер каде напиша дека имал фантастичен ден на Вашингтон каде по првпат се сретнал со претседателот Обама.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1