Поубава и посилна од било когa: Како изгледа Моника Левински денес? (ФОТО)


Станува збор за аферата на тогашниот американски претседател Бил Клинтон, сопругот на несудената претседателка Хилари, којашто ја имал со тогаш младата приправничка Моника Левински. Тоа беше и остана една од најголемите афери во американската историја, воопшто, а светот тие недели и месеци исклучително будно ја следеше аферата на столетието.monika-levinski-bil-klinton-1328585176-75146

Левински во Белата куќа дошла откако во 1995-та година завршила психологија. Тогаш, со само 20-на години, го запознала американскиот претседател со којшто ќе влезе во краткотрајна афера. А аферата дошла до јавноста бидејќи американските власти дошле до Моника Левински трагајќи за еден друг случај. Целата приказна потоа експлодирала, а Левински, којашто била на прагот на 20-те, се нашла на стапката на срамот.
-Немав сексуална врска со таа жена, изјави тогаш Бил Клинтон, а тоа ќе остане и воопшто една од најпознатите изјави од неговиот двоен мандат. И една од најголемите лаги. Левински подоцна ќе признае дека имале орален секс.

Левински после скандалот се повлече од јавноста којашто често покажуваше кон неа со прст. Во јавноста делумно ќе се врати дури после неколку години.
-Свесна сум за тоа како ме гледаат луѓето. Во мојот случај, времето и не лечи сосема сè. Во очите на јавноста засекогаш ќе останам именувана како љубовницата на Бил Клинтон,. Какви грешки и да направив, сепак мора да кажам дека ме напуштија многу блиски луѓе и ме нападнаа многу гласни феминистки, додала таа. Признала и дека во тие години дури размислувала и за самоубиство.Имав чувство дека секој дел од мојата кожа и мојот идентитет е буквално соголен од мене во тие години, се сеќава Левински во интервју за Гардијан.monika-levinski-foto-profimedia-1424804387-619845

-Ме нарекуваа глупава и проститутка. Беше навистина страшно да се биде во средиштето на целиот тој медиумски вртлог. Многу од тоа имаше врска со тоа што сум жена. Секако, шефот ме искористи, но секогаш ќе тврди дека се работело за врска за којашто и двајцата сме биле согласни. Злоставувањето продолжи понатаму, кога станав жртва во обид да се сочува неговата позиција. Неговата администрација, медиумите и политичарите буквално ме жигосаа, тврди Левински.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1