Поранешниот швајцарски политичар Андреас Грос смета дека потребна е промена на Уставот во Македонија за да се изедначат двата јазика.
– Двата јазика (македонскиот и албанскиот) треба да бидат официјални за да може да се користат на еднаков начин во сите региони во земјата исто како во Швајцарија. Kај нас, имињата на улиците се на два јазика, така треба да биде и во Македонија. Македонците да учат албански и Албанците македонски – рекол Грос.