Првите партиски митинзи закажани: Еве кој од каде стартува


Изборната кампања официјално започнува в понеделник на 21 месецов. Партиите веќе се подготвуваат за своите први митинзи.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ како и претходните години првиот митинг ќе го одржи во Охрид. СДСМ кампањата ќе ја започне од Прилеп.sdsm vmro

Коалицијата ВМРО за Македонија наместо во понеделник, кампањата ќе ја почне во вторник, за да не се поклопи со ВМРО-ДПМНЕ, затоа што и тие првиот митиниг ќе го имаат во Охрид.

ДУИ ќе започне од општина Липково. ФРОДЕМ со своите симпатизери ќе се сретне во хотелот Континентал.

Партиските коалиции и партии кои ќе учествуваат на парламентарните избори на 11 декември ќе ги презентираат своите програми пред гласачкото тело.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1