Позната холивудска актерка пронајдена мртва


Американската актерка Лиза Лин Мастерс е пронајдена мртва во нејзината хотелска соба во Лима, Перу. Таа била пронајдена во плакарот во соба во хотелот „Нуево мундо“. Вработените ја пронашле Мастерс обесена на здолниште.

Иако се уште не е официјално потврдено, американските медиуми шпекулираат дека се работи за самоубиство, бидејќи во собата биле пронајдени антидепресиви, дијазепам и две писма.lisa-640x936

Педесет и двегодишната актерка има играно во неколку познати серии како „Грдата Бети“, „Несршливата Кими Шмит“, „Закон и ред“, „Сопругите од Стендфорд“.

Пријателите отворија и страна за донации, за да му помогнат на нејзиниот сопруг Вилијам да плати за транспорт на телото и самиот погреб.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1