Припадници на ИСИС планирале напади во Македонија, Косово и во Албанија


Спречени се синхронизирани терористички напади од Исламска држава на Косово, во Македонија и во Албанија. Мета бил и израелскиот национален фудбалски тим што минатиот петок во Албанија играше квалификации за Светското првенство 2018 година, соопшти денеска косовската полиција.isis terorist kamp

За ова пишува и Њујорк тајмс, наведувајќи дека 18 лица се уапсени на Косово и уште шест во Албанија или во Македонија. Во домовите и просториите на осомничените полицијата нашла експлозивни направи, оружје и електронска опрема.Членовите на групата во трите земји биле координирани од двајца Албанци, членови на Исламска држава, кои имале јасни цели кој, кога и каде треба да биде нападнат, наведе косовската полиција. Неофицијално,еден од уапсените е и македонски државјанин.

Странски медиуми пишуваат дека интернет комуникацијата на терористите била пресретната од француската разузнавачка служба која веднаш ја известила МОСАД, израелска тајна полиција и со случајот беа запознати албанските безбедносни органи, кои акцијата ја извеле во соработка со безбедносни служби од регионот.

По сознанијата за планиран напад, Фудбалската федерација на Албанија го премести натпреварот од Скадар во Елбасан, град на педесетина километри јужно од Тирана.

Според Танјуг, осомничените биле во контакт со Лавдрим Муџахери, самопрогласениот „командант на Албанците во Сирија и Ирак“, од кого добивале наредби за напади.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1