Лекарите му предвидуваат уште една година живот на познат актер


Лекари во Клиниката за одвикнување од алкохол, каде актерот Чеви Чејс беше примен на почетокот на септември, му предвидуваат дека има уште најмногу една година живот, доколку под итно не се подложи на трансплантација на црниот дроб, објави интернет магазинот „Радар Онлајн“.NBC Universal Press Tour All Star Party - Arrivals

Според онлајн изданието, Чејс заминал во Клиниката во Минесота, каде што се лекуваше и покојниот актер Робин Вилијамс, за време на снимањето на неговиот најнов филм „Кучешки години“.

Портпаролот на Чејс во изјава за „Радар Онлајн“ вели дека актерот заминал во Клиниката „за да ја открие својата најдобра верзија“, но снимки од неговиот престој во институцијата, што се појавија на интерент, не говорат во прилог на ваквото тврдење.

Снимките покажуваат дека Чејс изгледа многу неуредно, тој е небричен и не наликува на човек во добра здравствена состојба. Лекар од Клиниката тврди дека кај Чејс е утврдено високо ниво на ензими на црниот дроб, за што причина би можело да биде болеста цироза.

– Комбинацијата на вишок килограми со претерана конзумација на алкохол, укажуваат дека тој е во сериозна животна опасност, тврди лекарот Стјуарт Фишер.

Чејс веќе со децении се бори со зависноста од алкхол, а првпат беше во клиника за одвикнѕвање од пиење во 1986 година.

Извор близок од актерот, сепак тврди дека Чејс не ја сфаќа сериозно состојбата во која се наоѓа и дека натаму продолжува да пие, да се забавува со девојки и е постојан гостин на кафулињата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1