Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја запросил својата избраничка Меланија Кнаус, во „Гранд хотел Топлице“, во лускузниот претседателски апартман каде што во текот на владеењето уживал маршалот Јосип Броз Тито, на самиот брег на Бледското езеро, пишува српски „Телеграф“.
Токму во тој апартман Доналд од таткото на Меланија ја побарал нејзината рака. Меланија тогаш била манекенка и поминала само еден ден со родителите и со Трамп во луксузниот апартман.