Зголемен бројот на деца со овчи сипаници


Според податоците на ЈЗУ Центар за јавно здравје-Велес, во текот на октомври и ноември, зголемен е бројот на мали деца заболени од овчи сипаници или варичела.

Според информацијата од епидемиологот Билјана Трајкова од оваа јавна здраствена установа, во Велес во октомври биле регистрирани 114 заболени, а од почетокот на ноември до денеска се регистрирани 85 заболени главно мали деца на возраст до шест години.sipanici

– Тоа се деца кои болеста не ја прележале во изминатите две години, а поголем дел од нив одат во градинка, бидејќи болеста е заразна и лесно се пренесува. Нема места за паника бидејќи болеста се лекува со соодветен третман главно во домашни услови, истакна Трајкова.

Таа потсети дека подобро е болеста да се прележи во раните детски години, бидејќи во пубертотот е опасна посебно кај машките деца и може да остави последици.

Посочи дека оваа заразна болест која е предизвикана од зостер вирусот спаѓа во групата на херпес вирусите.

– Болеста се карактеризира со осип на кожата и чешање, зголемена температура, општа слабост, губење на апетитот, повраќање и умор. Црвениот осип по целото тело треба да се мачка исклучиво со течен пудер од аптека, додаде Трајкова.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1