Од следната година ќе почне со реализација проектот за изградба на жичницата од Средно Водно до Институтот за белодробни заболувања во скопската населба Водно.
Ќе биде поделена во две фази – ќе се пробива, односно спушта жичницата до средината на Скопје, втората фаза е до болницата Козле.
-Овој проект е продолжение на веќе изградената жичница од Милениумскиот крст до Средно Водно. Планирана е изградба на жичница долга 1.600 метри со вкупно 27 кабини од Институтот за белодробни заболувања кај деца – Козле до Средно Водно. Буџет: проценета вредност 7,4 милиони евра, овој преокт е предвиден во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ, 2017- 2020 година.
Инаку, жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст беше пуштена во употреба пред речиси 4 години. Таа има 28 обични гондоли за осум лица и две ВИП- гондоли. Билетот чини 100 денари, а пензионерите во одредени денови можат да се возат бесплатно.