Ќе се гради вториот дел од скопската жичница, ќе има 27 кабини


Од следната година ќе почне со реализација проектот за изградба на жичницата од Средно Водно до Институтот за белодробни заболувања во скопската населба Водно.

Ќе биде поделена во две фази – ќе се пробива, односно спушта жичницата до средината на Скопје, втората фаза е до болницата Козле.vodno_zicara

-Овој проект е продолжение на веќе изградената жичница од Милениумскиот крст до Средно Водно. Планирана е изградба на жичница долга 1.600 метри со вкупно 27 кабини од Институтот за белодробни заболувања кај деца – Козле до Средно Водно. Буџет: проценета вредност 7,4 милиони евра, овој преокт е предвиден во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ, 2017- 2020 година.

Инаку, жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст беше пуштена во употреба пред речиси 4 години. Таа има 28 обични гондоли за осум лица и две ВИП- гондоли. Билетот чини 100 денари, а пензионерите во одредени денови можат да се возат бесплатно.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1