Тоа што Зоран Заев го најави пред албанската дијаспора во Швајцарија, СДСМ го вметна во нивниот памфлет кој го нарекуваат програма, истакна на денешната прес конференција Трајко Вељаноски од ВМРО-ДПМНЕ.
– Ветувањето за излегувањето од рамките на Охридскиот договор, отворањето на прашањето за воведување на двојазичност и кантонизацијата по урнекот на Швајцарија се потврда за најавите на Заев дека сака да го менува Уставот на Република Македонија и да го отпочне патот кон федерализација на државата. Оваа потврда може да се прочита и во памфлетот на СДСМ наречен програма. СДСМ нуди отворање и редефинирање на организацијата на безбедносните структури, моделот на образованието, културната политика, образованието и локалната самоуправа. Сите суштински елементи на Македонија каква што денес ја имаме – нагласи Вељаноски.