Британскиот фотограф Дејвид Хамилтон е пронајден мртов во неговиот стан во Париз, пренесе во саботата AFP, повикувајќи се на извори во службата за итни случаи, додека Reuters пишува дека 83-годишниот фотограф, според првичните сознанија, извршил самоубиство.
Дејвид Хамилтон е еден од најпознатите фотографи кој се прочу снимајќи ја детската голотија, особено девојчиња. Неговата работа предизвикуваше жестоки дебати во општествените кругови и бројни протести.
Покрај тоа, неговата работа беше често обвинувана како детска порнографија. Претходно, неколку поранешни модели на Хамилтон го обвинија дека сексуално ги злоупотребувал.
Хамилтон, исто така, беше филмски режисер, сценарист и продуцент.
Лекарите, кои до телото пронашле лекарства, утвредиле дека Хамилтон има „срцев и респираторен застој“.Еден час подоцна е констатирана негова смрт, која настанала како последица на предозираност со медикаменти.