Дел од скалите на Ајфеловата кула, продадени се кон средината на минатата недела, со наддавање од аукциската куќа „Арткуриал“ за поливина милион евра, што е десет пати повеќе од првобитната проценка.
Четиринаесет скали од ковано железо кои се наоѓале меѓу вториот и третиот кат на кулата се продадени за 523.800 евра по жестоко наддавање во акциската куќа Арткуриал.
Претставник од куќата вели дека во вторникот се одвивала драматична продажба меѓу заинтересирани купувачи и дека понудите растеле и по 20.000 евра, надмашувајќи ја за десетпати првобитната проценка од 40.000 евра.
Аукционерот Франсоа Тајан вели дека скалите се продадени на азиски купувач по пат на телефон.