Лидерот на кубанската револуција, Фидел кастро ја предвиде својата смрт, која буквално ја најави во април оваа година пред неговиот 90-ти роденден.
Тогаш Кастро присуствуваше на свеченото затварање на конгресот на Комунистичката партија, каде од членовите беше пречекан со бурни аплаузи.
-Наскоро ќе наполнам 90. години. Наскоро ќе бидам како сите други. На сите нас ќе ни дојде времето, но идеата на кубанските комунисти останува. Ова можеби е последниот пат што ви се обраќам, рече тогаш Кастро, алудирајќи на судниот ден.