Новинарката Маја Велјановска, која боледуваше од канцер на коските, ја загуби битката со болеста.
Маја беше догогодишен успешен новинар од областа на забавата, музиката и културата. Широката јавност најдобро ја запозна преку нејзините интересни интервјуа со естрадни личности пред петнаесеттина години, во македонското издание на магазинот ,,Свет“, кое што згасна пред неколку години.
Маја беше сопруга и мајка на две ќерки.
Голем број новинари, нејзини поранешни колеги и фоторепортери покренаа неколку хуманитарни акции, на кои што со продажба на нивни фотографии се обидоа да помогнат да се соберат средства за лекување во странство.
Колегите, како и новинарите од поранешната редакција на „Свет“, преку „Фејсбук“ се простуваат од големиот борец кој не успеа да ја победи последната битка.