Камион влета во автобус со навивачки: Една жена загина, седум девојчиња повредени


Во судар на камион и школски автобус, кој превезувал група на чирлидерки од средно училиште во западен Тексас, настрада едно лице, а седум се повредени.

Загина Елизабет Поуп (52), една од спонзорите на чирлидерките.sad-teksas-udes-cirlidersice-skolski-autobus-foto-printscreen-youtubereute-1480836162-1050245

Од седум повредени кои се префрлени во блиските болници, четворица се пуштени дома.

До сударот дошло кога автобусот, во кој се наоѓале шесте чирлидерки и двајца спонзори, се враќал од фудбалски натпревар од Колорадо Сити во Тексас.

Оскар Виљареал од Одделението за јавна безбедност од Тексас рече дека камионот со кој автобусот се судрил, изгубил контрола во обид да избегне судар во автомобил, на кој му откажале кочниците.

Се уште не може да се утврди точната причина за сударот, но и патот бил мокар од дождот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1