Фотографиите во боја на кои е забележана Ева Браун, љубовницата, а пред самиот крај на Втората светска војна и сопруга на Адолф Хитлер, ги објавија странските медиуми.
Две фотографии се направени на брегот на езерото. На едната од нив Ева Браун е снимена зад грб, а на другата му се смее на некого зад камерата.
На другата фотографија е напишано: „На осамената плажа на езерото Волфганг. Август 1943 година“. Потписот на другата страна го напишала Ева и гласи: „Моментална снимка: Прекрасен ден на Црното езеро“.
Фотографиите се откриени кај антиквар во Салцбург кој пред девет години ги купил од некоја жена. Таа тврди дека кутијата со фотографиите ја нашла на таванот на својата куќа. Вистинитоста на фотографиите ја потврдиле низа експерти и историчари.
Ева Браун 13 години му била љубовница на Адолф Хитлер, а се венале само 40 часа пред заедничкото самоубиство во бункерот во Берлин на 30 април пред самиот крај на војната. Ева не учествувала во политичкиот живот на Германија и Европа, ниту се појавувала на вечерите коишто Хитлер ги организирал за своите соработници.