Забрана за пушење во приватни автомобили во кои има деца


Во Шкотска денеска во рамки на владиниит план „Генерации без тутун“ во сила стапи новиот закон за забрана за пушење во автомобили, во кои се наоѓаат деца.pusenje deca kola

Согласно новиот закон, полицијата лицата кои ќе ги затекне со запалена цигара во приватно возило, во кое се наоѓаат малолетни лица ќе ги казни со сто фунти на самото место.

Доколку случајот дојде до суд казната би можела да достигне илјада фунти.

Законот едногласно го усвоија сите членови на шкотскиот Парламент.

Новата мерка е воведена во рамки на планот на шкотската Влада за намалување на стапката на пушење на помалку под пет отсто до 2034 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1