Рускиот град Сочи, на брегот на Црно Море, беше погоден од незапаметено невреме, по кое половина град остана поплавен.
Брановите биле толку високи што, по само неколку минути, олимпиското село било претворено во еден голем базен, јави Танјуг.
Извештатите од Русија зборуваат за тоа дека брановите во текот на невремето од 3 декември биле повисоки од пет метри, што предизвикало тотална блокада на градот.
Патиштата се поплавени, а долж шеталиштето се урнале околу 150 стебла, пишува „Раша тудеј“.
Сите летови за Сочи се откажани, пренесува хрватски „Јутарњи лист“.
Стебла се урнале и врз електрични кабли и гасоводни цевки. така што половина град е без гас и електрична енергија.
Штетата е огромна, пренесуваат локалните медиуми.