Војникот, кој бил во хеликоптерот на индонезиската војска што се урна пред повеќе од две недели, е пронајден жив во џунглата, информираа денеска воени претставници, а пренесе Танјуг.
– Војникот Јоханес Сјахпутру синоќа беше пронајден од жителите на едно село на островот Борнео, изјави портпаролот на војската Сабрар Фадхилах.
Како што објасни порпаролот на армијата, војникот бил во исклучително тешка состојба кога го нашле жителите на селото- исцрпен и со повеќе рани на рацете, околу половината и на нозете, а неколку дена и ништо немал јадено.
Сјахпутра, со уште четворица војници, се наоѓал во хеликоптерот со кој на 24 ноември се загубил контактот над џунглата.
Остатоците од хеликоптерот беа пронајдени три дена подоцна.
Во несреќата загинаа тројца војници, еден преживеа, а Сјахпутра тогаш не беше пронајден.