Груевски: По изборите со Заев се немаме ниту видено, ниту чуено- фокусиран сум кон формирање на новата влада


Не е прв пат СДСМ да прославува кога ги губи изборите. Тоа е нивно право, а би рекол и навика. Заев е во очај. Тој можеби очекува дека тие кои го најмија ќе му помогнат сега, но мнозинството од граѓаните веќе гласаа и одлучија и нема да дозволат некој да им ја украде победата, напиша на својот ФБ профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.gruevski-profilna-640x360

-Со Заев по изборите се немаме ниту видено ниту чуено, иако очекував да ми ја честита победата. Но се покажа дека нема сили за тоа. Во минатото, нормално, повремено кога имало потреба сме се гледале или слушале телефонски, вклучително и во саботата пред изборите кога Оливер Спасовски најпрвин го побара Никола Тодоров, по што и ние се слушнавме со цел да размениме информации во правец на избегнување проблеми во изборниот ден, напиша Груевски.

Очигледно, нагласува тој, Заев прави максимални напори да ја продолжи политичката криза во Македонија. Согласно изборот на граѓаните на Република Македонија и меѓународната потврда за тоа дека изборите поминаа во најдобар ред и беа фер и демократски, јас во овој период сум фокусиран кон формирање на новата влада со цел реализација на ветената програма за подобрување на животот на граѓаните на Република Македонија, напиша Груевски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1