„Блиндирана“ руската, зајакнати безбедносни мерки на сите амбасади во Тирана


Од вчера, еден ден по убиството на рускиот амбасадор во Турција, албанските безбедносни служби ја „блиндираа“ руската амбасада во Тирана.ambasada-1

Безбедносните мерки, вклучително и засилени патроли се воведени и кај сите странски амбасади во албанската метропола.

„Иако нема информации за евентуални терористички напади, на терен се и агенти од секорот за антитероризам и албанската тајна служба, ШИШ, јави тиранската телевизија Топ чанел, повикувајќи се Министерството за внатрешни работи.

Според истиот извор од понеделникот полицијата го подигнала степенот на безбедност, се до петти јануари, со цел да ги гарантира редот и безбедноста за време на божикните и новогодишни празници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1