По примерот на Град Скопје, откажани новогодишните прослави во Битола и Велес


Општина Битола оваа година нема да организира дочек на Новата година на Магнолија како што тоа го правеше во изминатите години. Ова денеска на прес конференција го соопшти градоначалникот на Битола Владимир Талески.nova-godina-ulici-skopje

Детска новогодишна програма ќе има и тоа неколку дена, а парите планирани за испраќањето на старата и дочекот на 2017 година хуманитарно ќе ги донираат.

Сумата која ќе биде донирана е еден милион денари.

Претходно новогодишните прослави ги откажаа и Веле и Скопје. Парите за прославите ќе бидат донирани за хуманитарни цели.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1