Вчера било пријавено дека во Скопје на ул. „Никола Парапунов“, од засега непознати причини избувнал пожар во објект, сопственост на 54-годишниот В.Р. од Скопје.

foto – sitel.mk
Според информациите на МВР, избувнал пожар во просториите, кои претходно се користеле како музичко студио, целосно се изгорени три сета удирачки инструменти, четири појачувачи, четири гитари, неколку микрофони и друга музичка опрема.
Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита и повредени лица нема.
Увид ќе се врши на денеска , по што ќе се утврдат причините за настанување на пожарот.









