Теодора Ќ. (23) и Ивана К. (28) кои беа во притвор под сомнение дека еден бизнисмен од Краљево (40) го уценувале со секс снимка и така му изнудиле пари, пуштени се денеска од притвор.
Кривичниот вонпарничен совет ги прифатил жалбите на нивните бранители, па се пуштени од притвор, но им е забрането секакво приоѓање, состанување и комуницирање со сведоци.
Третоосомничената Јелена Р. (24) претходно е пуштена од притвор.
Трите убави новосаѓанки наводно уценувале бизнисмен со снимка од секс со Теодора, која инаку тврдела дека му е вереница. Тој наводно им исплатил 30.000 евра, зошто бил испрашен дека неговото семејство ќе дознаело за авантурата која ја имал со Теодора.