Слаб, а силен: Еве со што се храни Новак Ѓоковиќ


За игрите и тренинзите ден од најдобрите светски тенисери – Новак Ѓоковиќ, речиси се се знае. Ама многумина се прашуваат, што тоа јаде, како ли се храни популарниот Ноле, што е така вит и жилав, а сепак силен и издржлив.nole

Неговата секојдневна исхрана се состои од јајца, варена храна, зрнести плодови, свежо месо, риба, пилешко месо, одредени млечни производи, зеленчук и овошје. Житарките и скробот, како што се ориз, пченка, хељда и компир, исто така се дел од неговата исхрана, но избегнува да ги консумира со адетиви и конзерванси.

-Изгубив неколку килограми, но оваа исхрана ми помогна моите движења да станат многу побрзи и поодредени, а јас се чувствувам одлично, изјави Новак Ѓоковиќ во интервју за италијанскиот магазин GQ.nole2

Еве го неговиот режим на исхрана, еве што се ’ се наоѓа на менито на првиот рекет на светот, па кој сака-нека проба.

Појадок

Чај, цитрон, ѓеврек без глутен со крем сирење, јајца подготвени на кој начин сакате, сланина

Ручек

Салата, хамбургер на скара, помфрит, сомун или леб, но без глутен, мајонез (!!!), ладен чај

Ужина

Тенко пресечено тврдо сирење или кашкавал

Вечера

Салата, прелив со масло и оцет, лосос подготвен со путер и лимон, кафен ориз и зеленчук. Чоколадни колачи без глутен

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1