Хрватски политичар со шокантно тврдење: Нападот во Берлин е местенка


Хрватскиот пратеник во Собранието од Жив ѕид, Иван Пернар го привлече вниманието на јавноста на Фејсбук.

Тој напиша пост во кој ја доведува во прашање веродостојноста на нападот во Берлин.hrvatski-pratenik-640x432

Пернар пишува дека му е чудно како никој не ги видел жртвите на нападот во Берлин и се сомнева дека сето ова е местенка.

Никој не видел ниту еден повреден и не се објавени имињата, смета тој.

По ова и германскиот поборник на теории на заговор, Герхард Висневски ги анализира снимките од нападот и видел нелогичности.1hrvat

За потсетување, германската полиција сепак објави имиња на дел од загинатите во нападот.

Во понеделникот беа прегазени 12 луѓе на базар во Берлин, а десетици беа повредени со камион кој го управуваше маж од Тунис.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1