ФОТО: 116 работници и голем број механизација интензивно го расчистуваат снегот


Екипите на зимската служба на Град Скопје интензивно работат на терен на расчистување на градските улици и булевари и истите во моментов се расчистени и проодни.

Екипите нa ЈП „Комунална хигиена“ се на терен и го расчистуваат снегот и мразот од тротоарите и од јавните површини.zimskagrad-sk-sluzbi-640x330

Екипите на зимската служба на Град Скопје се на терен и од почетокот на снежните врнежи досега се фрлени 175 тони сол на градските булевари и улици.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.zimska-sluzba-5-januari-8-640x480

Во централното градско подрачје, расчистувањето се врши на плоштадите: „Македонија“, „Пела“ и „Мајка Тереза“, во Старата Чаршија, како и на пешачките патеки и тротоарите на: мостот „Гоце Делчев“, Камени мост, Мостот на уметноста, мостот „Око“, Мостот на револуцијата и мостот „Слобода“.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје го расчистуваат теренот пред јавните установи, како и следните градски улици и булевари:

-Во општината Центар: Филип Втори Македонски, 11-ти Октомври, Крсте Мисирков, Кочо Рацин, Мајка Тереза и Илинден;

– Во општината Карпош: Партизански одреди и Илинден;

-Во општината Кисела Вода: Борис Трајковски;

-Во општината Аеродром: раскрсницата на железничката станица и булеварите Јане Сандански и Кузман Ј. Питу;zimska-sluzba-5-januari-2-640x426

-Во општината Чаир: Втора македонска бригада, Кемал Сејфула, Џон Кенеди, Христијан Т. Карпош, Методија Митевски, Б.Паровиќ;

-Во општината Шуто Оризари: Индира Ганди и Словенија;

-Во општината Бутел: Александар Урдаревски, Босна и Херцеговина, Кемал Сејфула и Бутелска;

-Во општината Гази Баба – Александар Македонски;

-Во општината Ѓорче Петров – Ѓорче Петров.zimska-sluzba-5-januari-9-640x480

Во расчистувањето се ангажирани 116 работници, додека од механизацијата се користат: два мотокултиватора со четки, три метларки, како и две патарки за посолување на мостовите. Активностите на екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе продолжат во текот на целиот ден.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1