Снимката од еден базен во Кина го покажува 4-годишното дете кое се обидува да се одржи на површината додека неговата мајка му е свртена со грбот и си куца пораки на телефонот.
Детето подоцна се удавило иако неговата мајка била на само неколку метри оддалеченост од него, но не гледала што се случува со нејзиниот син.
Меѓународниот Си Си ТВ канал од Пекинг ја објави оваа снимка како строго предупредување до сите родители да внимаваат на своите деца макар и да се најдат во плитка вода.