Од минусните температури утрово е замрзнато Дојранското езеро по крајбрежјето. Благодарејќи на силниот ветер што постојано дува во последните три дена не е замрзнато целосно. Утрово температурата во Дојран беше -12 степени. Денеска максималната температура во Дојран ќе се искачи до -5 степени а минусните температури ќе продолжат и во текот на наредните денови.
фото либертас.мк