Партнерот на Џорџ Мајкл: Немам никаква врска со неговата смрт


Фади Фаваз, партнерот на починатиот Џорџ Мајкл, бил налутен заради медиумските шпекулации дека полицијата го испитувала заради сомнителни околности за смртта на славниот пејач.fadi-fawaz-and-george-michael

Фади е човекот кој го нашол телото на Мајкл во неговиот дом во Оксфордшир на 25 декември минатата година.

Британски медиуми објавија дека полицијата уште еднаш разговара со партнерот на покојниот пејач, но и со сите останати кои биле во контакт со Џорџ Мајкл пред тој да почине.

Фади, бележи „Курирс.рс“ кој пет години се забавуваше со Мајкл, побеснел заради шпекуалции дека бил вмешан во смртта на Мајкл, но и заради тоа што многумина го обвинуваат дека го искористувал пејачот и негирал дека врската им се распаднала пред Мајкл да почине.

– Многу се сакавме и бевме заедно. Бев таму последниот ден од неговиот живот – рекол Фади и навел дека има добра соработка со полицијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1