Ако се почитуваат досегашните принципи ВМРО-ДПМНЕ ќе состави влада но ако тие се прекршат се е можно, Груевски во интервју за Дневник потенцира дека нема да формира влада по секоја цена но дека изигрувањето од досегашниот албански коалициски партнер би значело дека тој во иднина ќе има одврзани раце при изборот со кого ќе состави влада.
„Ако ВМРО-ДПМНЕ како победничка партија биде изиграна од ДУИ, независно кои ќе бидат причините за тоа, бидете убедени дека наскоро ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на голема врата во владата и тоа најмалку два мандата по ред. И ќе бидеме без каква било обврска при составувањето на владата“, вели Груевски.
За него не е спорно тоа што СДСМ е подготвен да исполни поголем дел од барањата на ДУИ.
„Поразениот обично нуди подобри услови. Поинаку не може ни да биде. Во 2008 и во 2014 и без ДУИ и без ниедна друга албанска партија ВМРО-ДПМНЕ можеше да формира влада. Прашањето е дали ќе постапуваме по принципите што до вчера ДУИ ги заговараше јавно или ќе ги смениме. Ние сме подготвени за двете варијанти. Но, не само на овие избори, туку и во иднина“, потенцира лидерот на ВМРО ДПМНЕ.
Осврнувајќи се поединечно на барањата од платформата усвеона од ДУИ, БЕСА и Алеијансата на Албанците, Груевки е дециден дека е невозможно да се исполни барањето за целосна двојазичност без согласноста на неговата партија.
„Двојазичност на цела територија и кантонизација не може да биде реализирано ако ВМРО-ДПМНЕ е против.
Како ќе го спречите тоа ако направат коалиција со СДСМ и сите албански партии?
-Знаат во ДУИ како.
Па, добро кажете ни и нам.
-Ќе ме разберете дека некои наши планови не сакам да ги откријам“, одговара Груевски на прашањата на Дневник.
Дециден е и во однос на прашањето за продолжувањето на мандатот на СЈО потенцирајќи дека неговата партија нема да се согласи на таков чекор бидејќи тоа би значело само продолжување на политичката криза.
Тој аргументира ид ека е невозможно да се утврди колку пари од буџетот се трошат за некоја етничка заедница.
„Некако можеби и може да се утврди кој колку придонесува во буџетот, иако нема да е лесно да се дефинираат критериумите и тоа ќе трае многу долго. Ако некој сака да почнеме таква постапка, јас сум за, само да нема каење потоа, откако ќе ги добиеме резултатите.
Но нека ми одговори некој како ќе пресметаме на кого се трошат парите кога ќе се гради автопат од Гостивар до Кичево или клинички центар во Скопје или кога станува збор за опрема за клиниката во Тетово итн. колку ќе се припише дека оди за Македонците, а колку за Албанците или Турците или останатите. Или пречистителна станица во Гостивар, чистење на каналите во Полог, колку ќе се припише дека е инвестиција за Македонците инвестиција, а колку за Албанците и по кој критериум. Што правиме со новите возови, градските автобуси во Скопје, трошоците за амбасадите во странство, авионите за гасење пожари, Македонската филхармонија, чистењето на коритата на реките, новите гасоводи… Ќе се заплеткаме во бескрајни математики и расправии.“, вели Груевски
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека поставувањетоп радикални барања во период на преговори за состав на влада не е ништо освен политичка уцена. Ги повикува останатите партии на конструктивност и делување во интерес на државата на подолг рок.
„Знаете, ние треба тука долгорочно да работиме и да се разбираме во позитивен дух, а не со препирки и уцени, и со пристап од денес до утре. Околностите ќе се менуваат, но ние граѓаните и партиите остануваме. Амбасадорите ќе си заминат по некое време, партиите во нивните земји ќе се менуваат, меѓународните околности се менлива ситуација. Дипломатите доаѓаат и си заминуваат, ние треба тука да живееме и да соработуваме. Кога се донесуваат одлуките, треба да се мисли и долгорочно освен краткорочно“, потенцира Груевски
Реплицира и на тврдењето ан гостиварскиот градоначалник Невзат Бејта кој во една своја изјава рече дека не сретнал Албанец кој рекол да за владеењето на Никола Груевски.
-Албанците не сме ги навредиле со ништо, а уште помалку сме ги понижиле, и за тоа говорев многу во моето претходно интервју што деновиве се објавуваше. Дали некого сме иритирале не знам, но ако сме го иритирале со нешто, сигурно не било намерно и свесно.
Во однос на тоа дека Бејта не сретнал Албанец што рекол ,,да“ за владеењето на Никола Груевски, не можам да коментирам, но знам дека јас познавам многу такви кои мислат и анализираат со своја глава, а не со сервирани информации од албанските медиуми и платеници на Сорос. Еден од оние Албанци што ги познавам и кој се истакнуваше во тоа е токму Невзат Бејта., вели груевски кој тврди дека токму Бејта во повеќе наврати со восхит говорел за неговото работење.
Груевски вели д ека и неговата партија има многу барања и очекувања од идниот коалициски партер.
ВМРО-ДПМНЕ исто така има многу прашања да дискутира со ДУИ во наредните 20 дена. Имаме и ние свои барања. Има многу проблеми што ги засегаат Македонците и воопшто сите граѓани или ако сакате и Албанците и мора да ги отвориме со нив и да бараме решение. Има повеќе слабости, аномалии, непочитувања закони, непочитување претходно политички договорени нешта, слабости што произлегуваат од нивни кадровски решенија, несоодветна примена на некои закони итн. Ние имаме долг список точки за разговори со нив.
Ние не планираме да разговараме само за овие 2-3 работи. Има многу прашања што треба да се расчистат. Има огромно незадоволство на Македонците што живеат во средини во кои ДУИ има градоначалници или каде што мнозинството население се Албанци, а малцинското население се Македонци, вклучувајќи ја и примената на Охридскиот рамковен договор во тие места, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
И во овој разговор се осврнува на централната тема од мега интервјуто кое го објави Република а тоа е влијанието на Сорос на креирањето на политичката криза во Македонија.
Tој има и подиректен личен ангажман во создавањето на кризата во Македонија, чиј главен столб беа објавените креирани материјали од телефонски разговори. Ги имам информациите, но детали не сакам да објавувам во овој момент. Сепак, според информациите со кои располагам, тој има свој личен ангажман во крупни операции поврзани со подготовките на кризата во Македонија. За таа цел има остварено средби, разговори и соработка со премиер на земја членка на ЕУ и со премиер на една земја која не е дел од ЕУ. Слична операција имаат направено во уште најмалку една држава, ние сме втори, но во таа земја поинаква беше тактиката на остварувањето на целта, отколку во Македонија. Не е воопшто случајно што дадов специјално интервју за него. Кризата во Македонија не е подготвувана од еден центар, туку од најмалку два и оперативно е дејствувано од тие два центра. Овој за кој говорам е едниот., вели Груевски.