Стјуарт Вилсон (37), работник од Велс, пред 12 години со целата своја заштеда купил земјиште, кое како што и сметал – не е обично поле.
Имено, Вилсон, кој е и љубител на историјата, верувал дека под почвата се наоѓа неоткриен древен локалитет. И, бил во право.
На неговиот нов имот е ископан голем дворец и средновековниот град Трелек.
– Требаше да купам куќа и да се отселам од родителите, но одлучив „ќе останам дома и ќе го купам тоа поле“. Луѓето тогаш говореа дека сум луд, раскажува тој, по откритието на несекојдневниот археолошки локалитет.