Баксуз или среќа? Стара Нова година се паѓа на петок 13-ти!


Во 2017 Стара Нова година се дочекува во петок- 13 јануари. Оваа коинциденција според суеверните е доказ дека годинава нема да биде многу среќна.

Зошто луѓето веруваат дека петок 13 е несреќен ден во годината?petok-13

Затоа што луѓето се суеверени, веруваат во разни урбани и фолк митови, како што е овој. И сето тоа затоа што некој тоа го осмислил како црн петок, а луѓето тоа наивно го прифатиле.

До 20 век не постоел урбан мит дека петок 13 е несреќен. Новокомпонираната идеја за несреќа на тој ден и датумот кој се поврзува со петок 13 е страдањето на витезот темплар кое се случило во петок 13 октомври 1307 година кога се истребени сите витези темплари од страна на францускиот крал Филип 4.

Западните мас медиуми и естрадата се фатиле за тој полуурбан мит и создале книги и хорор филмови кои го популаризираат петок 13 како несреќен ден, кога се случува нешто лошо.

Кај Кинезите 13 е среќен број, а петок ден за уживање и забава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1