Попоски: Ние сме Македонци и ништо повеќе и ништо помалку


Ние сме Македонци и ништо повеќе ниту ништо помалку. Ниту еден демократ не би имал потреба групно или племенски да етикетира. Денес, во Европа е потребен речник и култура за 2017 година, а не за 1913 година, наведува министерот Попоски во реакцијата до неговиот албански колега Дитмир Бушати, кој коментирајќи ги внатрешните случувања во Македонија, Македонците ги именуваше како Славомакедонци.nikola-popovski2_g

„Не е добро политичари од регионот да влечат чекори за потреби на претстојни избори. Целта е да создадат слика дека раководат со сите политички партии со етнички предзнак во регионот. Разбирливо е дека тоа се прави и за внатрешна употреба и за сопствениот рејтинг дома. Но, сепак, овие практики се надвор од нормална меѓусоседска соработка. Најдобро е пред секој обид за демонстрирање на глобално лидерство, секој добро да погледне во сопствениот двор. Така, политичарите и во тие земји ќе се фокусираат на подобрување на домашните слабости, стои во реакцијата.

Во изминатите десеттина дена ова е втора соседска провокација. Шефот на српската дипломатија во новогодишно интервју рече дека Србија погрешила што ја признала Македонија под уставното име, затоа што подоцна Македонија го призна Косово.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1