Зошто луѓето веруваат дека петок 13 е несреќен ден во годината?
Затоа што луѓето се суеверни, веруваат во разни урбани и фолк митови, како што е овој. И сето тоа затоа што некој тоа го осмислил како црн петок, а луѓето тоа наивно го прифатиле.
До 20 век не постоел урбан мит дека петок 13 е несреќен. Ново компонираната идеја за несреќа на тој ден и датумот кој се поврзува со петок 13 е страдањето на витезот темплар кое се случило во петок 13 октомври 1307 година кога се истребени сите витези темплари од страна на францускиот крал Филип 4.
Западните мас медиуми и естрадата се фатиле за тој полу урбан мит и создале книги и хорор филмови кои го популаризираат петок 13 како несреќен ден, кога се случува нешто лошо.
Кај Кинезите 13 е среќен број, а петок ден за уживање и забава.
Што е со полната месечина?
Полната месечина во народната митологија ја поврзуваат со окултното. Полната месечина е природна појава која се случува барем еднаш месечно, некогаш и два пати кога станува збор за т.н. сина месечина.
Исто така има и влијание на плимата и осеката.
Дали има психолошки ефекти врз луѓето?
Ако се земе фактот дека 50-60% од човековото тело е составено од вода, промената на гравитацијата, па и начин на кој што месечината влијае на плимата и осеката кај океаните, може да има влијание и кај човекот?
Сепак, нема никакви докази дека месечината има некакво влијание врз психо-физиологијата на луѓето.