Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.1/2017 за долгови доспеани до 30.09.2016 и неплатени до 31.12.2016 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:
- повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
- повисок од 300.000 денари за правните лица.
На листата на УЈП може да се видат и физички лица должници. Најголем должник е Бајруш Сејдиу кој должи околу 1,8 милиони евра за персонален данок на доход. Ако се има предвид дека данокот е нешто под 10%, тоа значи дека остварил приходи од неверојатни 18 милиони евра.
47 годишна жена од Скопје за персоналец должи над 830.000 евра. По истата математика, се пресметува дека остварила приходи од над 8,5 милиони евра.
Ако долгот кој физичките лица го имаат за персонален данок на доход и го помножите со 10 ќе ги одбиете имињата на луѓето кои направиле најмногу пари, а се уште се должници.
Целата листа на должници погледнете ја тука