Речиси нереално изгледа фотографијата која се појави на интернет. Таа е снимена во близина на Дунав кај Фридинген во Германија.
На неа има лисица која е окована во – мраз! Несреќното животно паднало во Дунав на 9 јаунари, а еден жител после четири дена ја извадил од замрзнатата река.
Тој морал да употреби моторна пила за да го исече мразот околу неа и да ја извади.
Дунав во последните денови е толку замрзнат, што во Романија е забрането пловење во целиот тек, а во одредени земји исто така на сила е забрана за пловење по одредени делови од реката.
Оваа фотографија е уште еден доказ за суровата зима која ја окова Европа. Повеќето континенти се парализирани, а повеќе од 60 луѓе починаа како последица од студот.